За 19-годишниот дефанзивец интерес имаше од Манчестер јунајтед, Барселона и ПСЖ, но Јувентус ја добива трката.
Спред „Тутоспорт“, Јувентус и Ајакс си подале рака за сума од 67 милиони евра плус 13 милиони во бонуси.
Де Лихт веќе имаше постигнато договор со Јувентус за личните услови, ќе заработува 8 милиони евра по сезона плус 4 милиони евра во бонуси, вкупно 12.
Италијанските клубови имаа проблем со големите даноци кои ги плаќаа за платите на играчи поради што многупати и не можеа да бидат конкурентни со клубовите од другите земји, владата на Италија им излезе во пресрет со носење на нов закон.
Од јануари 2020 година, сите италијански клубови ќе можат да заштедат големи средства бидејќи данокот значително ќе им се намали за фудбалери кои ќе останат во Италија најмалку две години.