Фудбалерите на Вардар и Струга утре од 20:00 часот го играат натпреварот од финалето во Купот на Македонија.
На денешната прес-конференција од редовите на Струга заедно со тренерот Илчо Ѓорѓиоски присутен беше фудбалерот Буњамин Шабани (TУКА)
„Финале на куп е натпревар кој се чека цела сезона и го посакуваат сезона. Ова за нас ќе биде и натпревар кој сакаме да го добиеме. Струга сака да дојде до трофејот и да ги израдува своите навивачите, како тим сме подготвени во секој поглед. Имаме доволен број на квалитетни и искусни фудбалери кои знаат да се носат со предизвикот“, најави Ѓорѓиоски.
Фаворитската улога ја перепушта на Вардар.
Вардар е фаворит на утрешниот натпревар, го ценам и го почитувам, тоа е мој клуб како играч и тренер освојував титули. Но, утре сакам да победам. Прво Вардар игра на домашен терен во Скопје, ќе има сигурно огромна поддршка и затоа фаворитската улога ќе биде на негова страна и ние сме максимално подготвени да одговориме на секој предизвик и ќе влеземе во натпреварот со голема желба да победиме. За нас тоа што ќе играме на гостински терен ќе биде мотив плус да дадеме се од себе за да го победиме Вардар.
Го анализиравме Вардар, но не би можел тука да кажам кои се неговите добри и лоши страни. Вардар направи конкурентен тим, видовме и дека направи одлична низа во вториот дел од сезоната. Но, ние имаме свои пресметки и знаеме како да дојдеме до тоа што посакуваме.
Струга е подготвена и за фудбал од 120 минути, меѓутоа посакува се да биде заврешно во 90 минути.
Јас го подготвував тимот за натпревар до крај, дали тоа ќе биде во 90 минути или повеќе зависи што ќе се случува во натпреваот. Ние сме физички подготвени да одиграме и 120 минути, најважно за нас е на крајот да заврши позитивно за нас. Дополнително сигурно ќе не понесе и атмосферата на стадионот и условите кои ги овозможува арената.
Подготвуваме тактика за да одговориме на Вардар на секој дел од теренот и во одбраната и во нападот. Не сме екипи која има фудбалери со офанзивни карактеристики и сакаме да играме напаѓачки фудбал, па според тоа очекувам и едно убаво финале.