Реал Мадрид синоќа зад затворени врати тестираше против Леганес, штета што натпреварот не беше отворен за јавноста, љубителите на фудбалот нема да можат од повеќе агли да го видат прекрасниот погодок на Едер Милитао од преку 60 метри.
„Кралевите“ подоцна од нормалното ги почнаа подготовките за новата сезона поради настапот на Светското клупско првенство, а првиот тест натпревар беше зад затворени врати против Леганес.
Момците на Чаби Алонсо ја добија пресметката со 4-1, а сега испадна и дека паднал гол кој слободно може да конкурира за најубав во сезоната.
Едер Милитао убаво забележа дека противничкиот голман е излезен, па од својата половина и преку 60 метри го лобуваше и прекрасно погоди.
Штета што натпреварот не беше отворен за јавноста, па љубителите на фудбалот нема да можат од повеќе агли да ја видат мајсторијата на Бразилецот, во моментов има само кратко видео со снимка од воздух,
ФОТО: X/Real Madrid C.F.