Голманот на Жирона направи глупост, Миовски ја плати цената (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Бојан Миовски денеска се најде на теренот од првата минута во натпреварот на Жирона од првото коло против Рајо Ваљекано, но беше заменет пред крајот на првото полувреме.

Македонскиот напаѓач не беше за ништо виновен, но мораше да го напушти теренот откако глупост направи првиот голман на шпанскиот состав Паоло Газанига. Имено, тој се обиде да дрибла пред својот гол, па ја изгуби топката и го фаулираше противничкиот фудбалер за што беше испратен во соблекувалната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×