Масимилијано Алегри има сериозни главоболки по октомврискиот циклус за репрезентации.
По натпреварите на три различни континенти со проблем во Италија ќе се вратат повеќе фудбалери. Главните грижи се околу Кристијан Пулишиќ, играчот кој е во најдобра форма во Милан. Американецот одигра 31 минута во пријателскиот натпревар против Австралија, па беше повлечен поради повреда на задниот бутен мускул. Пулишиќ и онака не беше целосно подготвен да игра, ова е проблем повеќе.
Освен него, во Милано со повреда се враќа Алексис Салемакерс од белгискиот камп, како и Первис Еступињан од еквадорскиот, а одреден проблем има и Адриен Рабио.
Порано од репрезентативниот камп на Португалија замина и Рафаел Леао, ама кај него проблемот беше недоволна подготвеност по паузата поради претходната повреда.