„Нероаѕурите“ стигнаа
до цел плен на градското дерби иако се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени. Џиџо
Донарума направи голем кикс во 92. минута и му овозможи на Мауро Икарди да
постигне гол.
Во еден прилично
изедначен натпревар со многу борби и малку шанси, најголемите возбудувања се
случија во првиот дел кога имаше два поништени гола, по еден на двете страни а
Де Врај ја погоди и пречката по еден корнер.
Во продолжението
од мечот, Милан повеќе мислеше како да остане непоразен а како одминуваше
времето ниту пак Интер имаше желба нешто посериозно да го загрози голот на
пртивникот.
И кога се чинеше
дека нема да има голови на „Џузепе Меаца“, од една акција која не изгледаше
опасна, голманот на Милан лошо процени една топка, заплива во празно и му
овозможи на Икарди рутински со глава да ја затресе празната мрежа за голема
радост на домаќините и три бода.