Гол на голманот во 94. минута за пласман во следната фаза! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Чудесен крај имаше реванш мечот меѓу Тигрес и Алианца. Гостите во Мексико допатуваа со победа од 2-1 по првиот натпревар.

Тигрес имаа фуриозен почеток на мечот, водеа со 3-0 по 23. минути игра, но гостите намалија на 3-2.

Тој резултат беше актуелен и во судиското продолжение, им одговараше на гостите поради два постигнати гола, па при последниот слободен удар голманот Гузман се префрли во шеснаесетникот на противникот.

При еден центаршут, Гузман погоди со глава за победа од 4-2, ерупција на стадионот и пласман на Тигрес во четвртфиналето од КОНКАКАФ Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани