83
Севиља и Жирона ги поделија бодовите играјќи 1-1 во 23 коло од Ла Лига на стадионот Рамон Санчез Писхуан.
Гостите стигнаа до рано водство уште во втората минута кога прецизен беше Томас Лемар. По тој шок за домашните, темпото се намали, а мрежите мируваа сè до самата завршница.
Во судиското продолжение следеше вистинска драма. Кике Салас донесе израмнување во 92 минута и го врати својот тим во живот.
Набрзо потоа Габриел Суазо направи пенал, па од клупата беше повикан специјалистот Кристијан Стуани. Сепак, неговиот удар го одбрани Одисеас Влаходимос кој стана херој и и донесе бод на Севиља.