Го шетаа од позиција на позиција како ќе им текне, а сега Арбелоа би се ослободил од него!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не е целосно убеден во придонесот на Едуардо Камавинга и според информациите од Шпанија можно е играчот од средниот ред да се соочи со неизвесна иднина по крајот на сезоната.

Французинот пристигна како проект за сегашноста и иднината, особено во периодот кога завршуваше една ера во средината на теренот по заминувањето на Тони Крос и Лука Модриќ. Сепак, очекувањата не се исполнија во целост. Во неговите настапи често имаше падови во формата, што предизвика сомнежи кај стручниот штаб околу тоа дали може да биде носител на играта во тим кој секоја сезона атакува на сите трофеи.

Шпанските медиуми наведуваат дека Арбелоа смета оти продажбата би можела да биде добра опција за клубот, па раководството ќе размислува за понуди доколку пристигнат во летниот преоден рок.

Камавинга во Реал играше буквално онаму каде што ќе биде потребно, па така од вкупно 206 натпревари тој на 95 беше централен играч за врска, на 76 беше дефанзивен играч за врска, 31 натпревар мина како лев бек, двапати беше десно, а еднаш лево крило.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×