Го продаде за 1 милион, а сега ќе треба да плати 100 милиони – спортскиот директор на Јунајтед во фокусот поради една одлука

by bojan
1 минути читање
Гјокереш

Виктор Гјокереш повторно е во фокусот на медиумите откако синоќа постигна хет-трик против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, цената на напаѓачот е 100 милиони евра.

По веста дека Рубен Аморим го превзема кормилото на Манчестер јунајтед, веднаш почнаа да кружат гласини за тоа кои играчи би можеле да пристигнат на Олд Трафорд.

Едно од оние за кои најмногу се пишува е Виктор Гјокереш, напаѓачот синоќа постигна хет-трик против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, и уште еднаш покажа зошто е во бележникот на големите клубови ширум Европа.

Денеска во фокусот на јавноста е сегашниот спортски директор на Манчестер јунајтед, Дин Ашворт.

Имено, тој како технички директор на Брајтон, во 2021 година носи одлука да го продаде Виктор Гјокереш на Ковентри за само 1 милион фунти.

Швеѓанецот по две одлични сезони во Ковентри, направи трансфер во Споринг вреден нешто над 20 милиони евра, а сега неговата цена е неколку пати повисока.

Шампионот на Португалија бара 100 милиони евра, и ова е сумата која Дин Ашворт веројатно ќе треба да ја плати доколку сака да го донесе Виктор Гјокереш на Олд Трафорд и повторно да го спои напаѓачот со Рубен Аморим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани