Кристијано Роналдо минатиот месец беше обвинет дека силувал девојка во 2009, Катрин Мајорга раскажа што и се случило во апартманот на Португалецот во хотел во Лас Вегас.
Таа поднесе тужба а полицијата повторно го отвори случајот. Португалецот секогаш категорично негирал, но со Катрин Мајорга има потпишано договор за тајност и и има платено 375.000 долари за да молчи па тоа фрла одредени сомнежи.
Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели вели дека е спокоен и верува дека Кристијано Роналдо ќе ја докаже својата невиност.
„Кога има проблеми, сакам да ги погледнам луѓето во очи, да ги прашам директно и потоа сам да пресудам“ – вели Ањели.
„Јас сум спокоен, разговарав лично со него кога се појави проблемот. И неговото однесување во деновите и неделите по обвинувањата само го потврдија моето првично чувство“.
„Се работи за личен случај, но разговаравме со него заедно со Павел Недвед и Фабио Паратичи. Му кажав на Кристијано дека мојата врата, и вратите на Јувентус секогаш ќе бидат отворени доколку му затреба нешто“.
„Тука сме да му дадеме поддршка, и не само на него, туку и на сите жени и мажи во Јувентус за кои сметаме дека се однесувале коректно“.