Глигоров: Прво победа над Силекс, потоа одиме на заслужен одмор

by
1 минути читање

Вардар и сезонава заврши на првото место во прволигашката конкуренција, следен од Шкендија, но
не до финишот, ова ќе биде трета редоследна титула за скопскиот клуб во нашата
најсилна конкуренција.

Утре тимот на
Гоце Седлоски на домашен терен, но на стадионот во Ѓорче Петров го пречекува
Силекс во последниот меч сезонава, токму утре „вардарци“ ќе го подигнат
шампионскиот пехар.

Играчот од
средниот ред на „црвено-црните“ вели дека и покрај тоа што титулата е освоена,
Вардар нема да се опушти на утрешниот дуел.

Очекувам со
победа да ја завршиме сезоната и потоа да ја прославиме шампионската титула.
Без разлика што сигурно ќе го завршиме шампионатот како првопласирани,
посакуваме уште една победа во ова последно коло против Силекс и да ја
зголемиме бодовната разлика пред конкурентите. После овој натпревар одиме на
заслужен одмор
“ изјави Глигоров кој надополни дека верува дека неговиот тим ќе
биде подготвен за предизвиците во квалификациите за групната фаза од Лигата на
шампионите.

 

Извор/Фото:
ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани