Ѓорѓев на проба во австриски прволигаш, полски Погон ќе биде тестот кој мора да го положи

by
1 минути читање

Повеќе медиуми од
Австрија објавија дека нашиот 20 годишен репрезентативец Никола Ѓорѓев е на
проба во прволигашот од таа земја, Алтах.

Според информациите,
Ѓорѓев уште утре ќе го има првиот тест-меч за Алтах и тоа против полскиот тим
Погон. Инаку, Алтах котира солидно во најсилниот австриски шампионат, се уште има изгледни шанси за излез во Европа до крајот на тековната сезона.

Македонскиот офанзивец
почна добро во новата сезона со холандскиот прволигаш Твенте од каде требаше да
мине две години како позајмен фудбалер од швајцарски Грасхоперс кој реши да не
се откажува туку така од неговите услуги, но по двата настапи остана на таа
бројка, по што се ослободи од клупските обврски во таа екипа.

 

Извор: vn.at

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани