Гигантите од Англија полудеа по младата ѕвезда на Дортмунд, но Сити има опција прв да го купи

by
1 минути читање

18 годишниот
офанзивен фудбалер игра во одлична формаа оваа сезона во дресот на
„Милионерите“, а за добрите партии доби награда од селекторот Саутгејт и стана
првиот играч роден по 2000 со настап за репрезентацијата на Англија.

Па сосема
очекувано, гигантите од Премиерлигата редовно праќаат скаути и Џејдон Санчо е
желба на Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Ливерпул и
Тотенхем.

Според последните
информации, „Граѓаните“ се во предност бидејќи имаат опција први да го купат суперталентираниот
Џејдон Санчо, кој помина две сезони во нивната академија и од каде во последниот
ден од летниот преоден рок во 2017 се пресели на „Сигнал Идуна Парк“.

Доколку Борусија
Дортмунд прифати понуда за Англичанецот, мора веднаш да го извеси Манчестер Сити
и клубот од Етихад може да ја изедначи оваа понуда, по што самиот Џејдон Санчо
ќе одлучи каде ќе се пресели.

Спортскиот
директор на „Милионерите“, Михаел Цорк ја потврди ваквата клаузула но порача
дека таа е ирелевантна бидејќи во моментов тие не помислуваат да се разделат со
Џејдон Санчо, а камо ли да прифатат понуда.

Сепак останува да
се види колку ќе можат да го задржат ваквиот цврст став доколку некој од
Англија тропне на нивна врата со 100 милиони фунти, сумата со која се шпекулира
на „Островото“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани