Германскиот ветеран по 12 години си оди од Барселона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Искусниот германски голман Марк Андре Тер Штеген ќе ја заврши сезоната во дресот на Жирона, откако клубот постигна договор со Барселона за негова позајмица.

Тер Штеген го загуби статусот во каталонскиот гигант и стана јасно дека за него повеќе нема простор на „Камп Ноу“. Првата голманска позиција е резервирана за Жоан Гарсија, додека улогата на замена му припаѓа на Војчех Шчесни, што го натера Германецот да побара нова средина каде ќе има континуитет меѓу стативите.

Главна цел на Тер Штеген е редовно да брани и да остане во сериозна конкуренција за место во германската репрезентација пред Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а селекторот Јулијан Нагелсман внимателно ја следи неговата ситуација.

Од друга страна, Жирона навреме го расчисти голманското прашање со заминувањето на Доминик Ливаковиќ, со што се отвори простор за доаѓањето на германскиот чувар на мрежата, кој се очекува да биде значајно засилување во борбата на клубот во продолжението од сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×