Германецот донел одлука, би заминал само за трансфер во Реал

by Стефан
1 минути читање

Капитенот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, донел одлука, ако ја напушти германската екипа, ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Германецот влезе во последната година од својот договор и одлучи да ги стопира преговорите за продолжување на соработката, затоа што на маса има понуди од неколку големи клубови. Според повеќе медиуми, Реал Мадрид е единствениот клуб поради кој Шлотербек би ја напуштил Борусија.

Како што пренесува „Билд“, Борусија за неговите услуги ќе бара сума помеѓу 40 и 50 милиони евра евра, имајќи предвид дека договорот на Шлотербек истекува во летото 2027. година.

Во претходните месеци, неговото име беше поврзувано со трансфери во Баерн Минхен, Барселона и неколку премиерлигаши, меѓутоа негова желба се само „кралевите“.

Реал Мадрид од друга страна е во потрага по засилување во одбраната бидејќи Рудигер и Алаба на лето остануваат без договор, додека Милитао има проблеми со повреди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×