Јувентус вчера го
приреди најскапиот трансфер во историјата на Серија А, во Торино се сели
Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за 100 милиони евра, плус додатни 12 милиони евра
во солидарни исплати.
Генералниот
директор на Јувентус, Бепе Марота сега откри како дошло до зделката и открива
дека првиот чекор го направил самиот Кристијано Роналдо кој се понудил, а
акционерите на клубот дале зелено светло за исторскиот трансфер.
„Среќен сум,
многу сум среќен“ – вели Бепе Марота. „Најзаслужни за оваа зделка се самиот
играч и акционерите на Јувентус“.
„Кристијано
Роналдо беше првиот кој веруваше во ова, тој го иницираше првиот потег. Го
одбра Јуве, и кога разбравме дека можеме да ја искористиме оваа шанса,
акционерите на клубот се сложија да ја поддршат зделката. Инсистирам, тоа беше
одличен тимски напор“.
„Се започна кога
ги стартувавме преговорите со Жоао Кансело, кој има ист агент со Кристијано
Роналдо“.
„Сакам да
изразиме максимално задоволство поради ангажманот на Кристијано и неговата
одлука да му се придружи на Јувентус. Тој е многу среќен што ќе игра за еден од
најголемите клубови во светот и веќе одлучи каде ќе живее, се работи за убав пентхаус
во срцето на Торино“.