Гендузи: Арсенал сега е подобар тим, одиме во Ливерпул за да победиме

by
1 минути читање

Во сабота Арсенал му гостува на Ливерпул во дербито на колото од Премиерлигата, и двата тима сезоната ја стартуваа со максимален учинок, две победи.

Во декември минатата година Арсенал помина лошо на дуелот со Ливерпул, но Гендузи верува дека сега ќе биде поинаку.

„Минатата сезона не бевме добро, но овој пат е многу поинаку, имаме нова игра, нов тим, па не гледам причина зошто би бил ист резултатот“, вели Гендузи.

„Имаме многу подобар старт сега, минатата сезона почнавме со два порази, но оваа веќе имаме шест бодови“.

„Севкупно имаме подобар тим и се чувствуваме добро за себеси, веруваме во себе“.

„Знам дека можеме да одиграме навистина добро, одиме таму да победиме и верувам дека можеме да го победиме било кој тим во Премиерлигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани