Газидис го носи Венгер во Милан?

by
1 минути читање

Позицијата на
Џенаро Гатузо е доста комплицирана на кормилото на Милан, по поразот од
градскиот ривал Интер во дербито на Милано, Росонерите претрпеја уште еден
пораз, овој пат од Бетис во Лига Европа.

Резултатите на
Милан не се за пофалба, а самиот Гатузо на пресконференцијата по мечот со Бетис
истакна дека повеќе нема идеја што да преземе со екипата, во која се сомнева
дека има победнички менталитет.

Милан нема многу
алтернативи доколку сака да донесе ново име на клупата, Антонио Конте е опција
за Реал Мадрид, а Роберто Донадони, според информациите кои пристигнуваат од
Италија, се уште не е ниту контактиран, иако неговото име се појави низ
тамошните медиуми како можна опција.

Се шпекулира дека
Арсен Венгер, поранешниот близок соработник на Газидис, со кого поминаа долги
години во Арсенал, би можел да биде опција која ќе биде разгледана од челниците
на Милан, токму Газидис своите обврски во италијанскиот прволигаш ги почнува од
1. декември, како нов генерален извршен директор во клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани