Газдата на Наполи потврди дека му бил понуден Роналдо и објасни зошто морал да каже НЕ

by
1 минути читање

Изминатиов
викенд, новинар близок до клубот од Сан Паоло откри дека Кристијано Роналдо
најпрво му бил понуден на Наполи, и откако Жорж Мендеш добил негативен одговор,
се активирал планот Б наречен Јувентус.

Ваквите стории
сега ги потврди сопственикот на „Наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис.

„Агентот на
Роналдо, Жорж Мендеш ми е пријател. Пред два месеци бевме кај него дома да
разговараме за Руи Патрисио. Не можевме да се договориме поради проблемот на
голманот со Спортинг Лисабон, па почнавме да разговараме за многу други работи“
– вели газдата на Наполи.

„Дојдовме и до
Кристијано Роналдо, ни беше кажано дека нема повеќе хемија помеѓу играчот и
Реал Мадрид, па Жорж Мендеш не праша дали сакаме да го купиме. Му кажав дека
сум збунет од прашањето. За малку ќе кажев ДА веднаш. Но проблем беа парите. За
зделката беа потребни околу 300-400 милиони евра, а ние имавме само 250
милиони. Му доставив предлог, го замолив да ни ги остави првите 250 милиони од
приходите, а следните 100 милиони да му ги оставиме нему. Роналдо е бренд, брзо
се прават пари со него. Ни требаше време да подготвиме стратегија, но Жорж
Мендеш е човек кој не чека, па бев приморан да кажам НЕ, а тој веднаш
го понуди на друг клуб. Пристигнување на Роналдо во Наполи ќе предизвикаше бум
каков што немаме видено долго време“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани