Синоќа во Торино
се одигра контролен меч помеѓу селекциите на Италија и Холандија, а истиот
заврши со реми и резултат од 1-1, најпрво домаќините преку Заза поведоа со 1-0,
израмни Аке во завршницата од средбата.
Сите 90 минути од
пријателскиот меч за Холандија ги одигра ѕвездата на Лион, Мемфис Депај, а
италијанските медиуми пренесуваат дека тој бил следен од шефот на стручниот
штаб на Милан, Џенаро Гатузо од трибините.
Тутоспорт пишува
дека причината поради која се нашол Гатузо на трибините е токму поранешниот
фудбалер на Манчестер јунајтед, а веќе дал зелено светло за клубот од Милано да
тргне во офанзива за неговиот потпис.
Сепак, одлуката
околу Депај зависи и од тоа каква ќе биде реакцијата на УЕФА за финансискиот
ферплеј, доколку истата е негативна, Милан би можел да добие суспензија за
настап во Лига Европа идната сезона.