Французинот
вечерва одби да влезе во игра против Болоња, а тоа како да не беше доволно па
дури се дрзна и да го опцуе Џенаро Гатузо и му кажа „од*еби човеку“.
По тешко
издвојуваната победа од 2-1, тренерот на Милан го прокоментира инцидентот на
клупата.
„Она што се
случува е наша работа и ќе го решиме во соблекувалната. Му кажав на Бакајоко да
се подготви, но му требаше многу време и го повикав Хосе Маури. Носиме
престижен дрес па морам да бидам јасен и искрен. Чекав седум или осум минути а
тој се уште ги немаше ставено костобраните…“ – вели популарниот Рино.
„И јас кога бев
играч на неколку тренери им го имам кажно истото, да „од*бат“, но тука завршило
се. Ќе видиме што ќе се случи, се работи за почит. Фудбалерите можат да ми
кажат сè, но најважно е да не се покаже непочитување кон соиграчите и
атмосферата во тимот“.
„Секој може да ме
навреди на клупата, но потоа ќе се сретнеме лице во лице во соблекувалната и ќе
видиме. Ваквите работи сакам да ги решам зад затворени врати и да разговараме
на мој јазик, кој не е за пред камерите“.