Рома славеше со 1-0 против Кајзерслаутерн во пријателски натпревар, а тренерот Џанпјеро Гасперини беше задоволен од ангажманот на своите фудбалери, но повторно порача дека тимот има потреба од засилувања.
Стратегот на „волчицата“ посебно го истакна настапот на младиот Еван Фергусон, но не пропушти да потсети дека летниот преоден рок мора да донесе нови имиња во тимот.
„Не треба да бидеме лицемерни. Ова беше подготвителен натпревар, но изгледавме солидно. Тимот има свој идентитет, сè може да се унапреди: физичката подготвеност, ротацијата, искуството. Настапија и неколку млади играчи, што го смени ритамот во второто полувреме, но повторно ќе повторам – ни требаат засилувања“, изјави Гасперини по мечот.
Управата на Рома не е позната како многу „дарежлива“ кон своите тренери, па останува да видиме дали ќе ги исполнат оние на Гасперини.