Габјадини: Ниту јас не очекував дека ќе бидам толку добар во Англија

by
1 минути читање

Габиадини во јануари од Наполи се пресели во Саутемптон и за многу кратко време импресионираше.

Во првите четири официјални натпревари за Саутемптон постигна шест голови и ги освои фановите.

„Да бидам искрен, ниту јас не очекував ваков старт“ – вели Габјадини за Скај Спортс Италија.

„Тука фудбалот е тотално поразличен, сè е поинакво од градот до моите соиграчи. Не верував дека е така“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи и тренерот кои се исклучителни и навистина ми помогнаа. Најважно е да го давам најдоброто од себе за да ги направам фановите среќни“.

„Во Наполи бев несреќен бидејќи сметав дека не сум доволно инволвиран во мечевите. Кога заминував им кажав дека едноставно треба да направам промена“.

„Требаше да докажам дека се уште можам да играм фудбал на високо ниво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани