Фудбалерот на Монако има еден услов за потпис со Барселона

by
1 минути читање

Монако има
одлична сезона, неколку фудбалери се истакнуваат со своите перформанси, па
скаути на гигантите од Европа редовно ги следат нивните настапи.

Еден од оние кој
привлекува вниамние е Џибрил Сидибе, кој полека се промовира во еден од најдобрите десни
бекови на стариот континент.

Минатото лето тој
беше мета на Арсенал, но ги одби „Топчиите“ и Лил го замени со Монако.

Сега неговото име
се поврзува со Барселона, Џибрил Сидибе е спремен да се пресели на Камп Ноу, но
има еден услов.

„Има ризик кога
одите во голем клуб, лесно можете да станете резерва, да назадувате па да ве
испратат на позајмица

вели Французинот.

„Мојот критериум е
минутажата. Ако некој клуб ме сака и ми гарантира солидна минутажа, секако дека
добро ќе размислам
.

„Секој играч сака
да игра во најдобрите првенства против најдобрите играчи. Во моментув сум
среќен во Монако, имаме добар тим, постигнуваме многу погодоци и се уште сме во
трка за титулата во Франција и во Лигата на Шампионите
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани