Фудбалерка на Швајцарија со албанско потекло исчезна во езерото Комо

by
1 минути читање
24-годишната фудбалерка била со пријатели на изнајмен брод кога во саботата се фрлила во езерото да плива и не се вратила.

 

Првите информации во Италија беа дека швајцарска туристка исчезнала во езерото, а потоа е потврдено од полицијата дека станува збор за фудбалерката на Јанг Бојс, Флоријана Исмаили која има албанско потекло, поточно од Прешево.

 

Интензивната претрага денеска не донела резултати, утре ќе бидат испратени подводни роботи.

 

Кога влегла да плива таа била само на неколку стотини метри од брегот на езерото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани