„Флорентино Перез за четири месеци ја уништи репрезентацијата на Шпанија и најдобриот Реал во историјата“

by
1 минути читање

„Кралевите“ на
почетокот на јуни се радуваа на трета последователна титула во Лигата на
шампионите, но работите за кратко време тргнаа на лошо. Зинедин Зидан само
неколку дена подоцна соопшти дека си заминува, па Флорентино Перез неочекувано
мораше да најде нов тренер.

Голем број на
имиња се поврзуваа со Реал Мадрид, но откако добија неколку „корпи“, шампионот на
Европа реши да го ангажира Холен Лопетеги, кој имаше одлични резултати со
Шпанија.

Сепак одлуката
беше соопштена на само неколку дена пред почетокот на Светското првенство, на
федерацијата не и се допадна ова па стратегот веднаш доби отказ и на негово
место беше назначен Јеро. „Црвената фурија“ во Русија не беше онаа која во
изминатите две години доминираше, се мачеше во групната фаза и доживеа
елиминација уште во осминафиналето.

Хулен Лопетеги
сега го чека нов отказ откако Реал Мадрид влезе во резултатска криза која
синоќа кулминираше со срамен пораз од 5-1 на Камп Ноу против лутиот ривал
Барселона.

Ваквиот тек на
настаните го прокоментира Марк Кросас, поранешен фудбалер на Барса и младата
репрезентација на Шпанија.

„Дали Флорентино
Перез има чиста совест? За четири месеци ја уништи репрезентацијата на Шпанија
и најдобриот Реал во историјата“
– напиша тој на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани