Флик по поразот жестоко удри по судиите и по фудбалерите: Беа ужасни!

by Стефан
1 минути читање

Барселона вчера претрпе пораз од Жирона, а по натпреварот и тренерот Ханси Флик не го криеше незадоволството, ги критикуваше своите фудбалери, но и судиите.

Германецот најмногу забележува за вториот гол кој го постигна Жирона кога смета дека претходно имало прекршок над Кунде (ТУКА).

„Нема потреба многу да се коментира тој момент, сите видоа што се случи. Ние, сепак бевме лоши во одбраната и Жирона заслужи да победи. Не знам зошто ВАР не интервенираше, за мене тоа беше чист прекршок, меѓутоа тој момент не треба да биде алиби за нашата лоша игра“.

Со цел да се ресетираат и одморат, Флик им дал два слободни дена на фудбалерите.

„Ни треба пауза, мора да се ресетираме, играме ужасно во последно време. Судиите на овој натпревар беа ужасни како и мојот тим“, искрен беше германскиот стратег.

По овој пораз Барселона po 24 oдиграни кола е зад Реал Мадрид на табелата со два бода помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×