Финални преговори помеѓу Гезтепе и Јаховиќ, менаџерот на Македонецот повторно во Измир

by
1 минути читање

Гезтепе знае дека
одличните резултати во најсилниот шампионат на Турција се должат на блескавите
изданија на Јаховиќ, па со макотрпни преговори се обидува да го задржи во
своите редови.

„Фанатик“ пишува дека
понудата од 650 илјади евра годишна плата е многу скромна во однос на барањата
на Јаховиќ, истиот медиум пишува дека Срѓан Јеремиќ во претстојните неколку
денови ќе отпатува во Измир за нова рунда преговори со Гезтепе за напаѓачот чиј
договор со клубот истекува идното лето.

Истиот медиум додава дека доколку преговорите овие денови не вродат со плод, нашиот интернационалец ќе ги разгледува останатите понуди, кои ги има во голем број на негова адреса.

Евентуален неуспех ќе
значи дека Јаховиќ на лето ќе може без никакво обештетување да го напушти
Гезтепе, а тој неколку пати истакна дека приоритет му е да остане во Измир.

Извор: fanatik.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани