ФИФА подготвува промени, тоа што го направи Престијани ќе се казнува!

by 24 фудбал
0 минути читање

ФИФА најави можно воведување на ново правило по скандалот во Лисабон, каде Винисиус Жуниор го обвини Џанлука Престијани за расистички навреди. Реал Мадрид веќе испратил докази до УЕФА и побарал санкција за аргентинскиот фудбалер, додека случајот доби и дополнителна тежина на глобално ниво.

Според најавите, ФИФА размислува за правило со кое играчите ќе бидат казнувани доколку намерно ја покриваат устата при вербални конфликти на теренот, со цел да се спречат скриени навреди и контроверзии.

Таква беше ситуацијата со Престијани кој можеби ќе се извлече ако навистина расистички го навредил Винисиус, а тоа камерите не можеа да го забележат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×