150
„Шпигел“ објави дека големите европски клубови заговараат формирање на Суперлига од 2021 година. По УЕФА, се јави и ФИФА со коментар на оваа тема.
„Со години ги гледаме ваквитеобиди да се направат лиги надвор од структурите, тоа го има од деведесетите. Но или сте внатре или сте надвор. Фудбалерите кои нема да играат во организираниот систем на натпреварување, тие нема да играат во националните лиги, конфедерациските натпреварувања, Европските и Светските првенства“, вели претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Наше е да го заштитиме фудбалот и да излеземе со решение од кое корист имаат клубовите и светската фудбалска заедница“.