ФФИ потврди: Доколку фудбалер се зарази со коронавирус, ќе го прекинеме првенството

by
1 минути читање

Фудбалот во
Италија до 3. април ќе се игра без публика, а медиумите шпекулираат дека се
мисли и на најцрно сценарио, односно првенството да биде прекинато. Ова ќе се
случи под услов фудбалер да се зарази со коронавирусот.

Дека работите ќе
се одвиваат во овој правец, попладнево потврди и првиот човек на Фудбалската
федерација на Италија.

„Во случај
фудбалер од Серија А да биде позитивен на коронавирус, во предвид ќе ја земеме
идејата сезоната да биде суспендирана. Да бидеме реални, ризикот е вистински.
Ќе ги превземеме сите мерки, на прво место ни е здравјето на спортистите, потоа
ќе мисли какво ќе биде влијанието на спортскиот аспект и натпреварувањето. Во
моментов не отфрламе ништо“
– вели Габриеле Гравина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×