Торес кој во моментов игра за Сеган Тосу во Јапонија, одлучи да стави крај на кариерата. За својата одлука информираше преку социјалните мрежи.
„Имам нешто многу важно да соопштам. По 18 возбудливи година, дојде време да ставам крај на мојата фудбалска кариера. Следната недела, на 23. во 10 часот по локално време во Јапонија, ќе одржам прес конференција во Токио на која ќе ги образложам деталите. Се гледаме таму“, соопшти Торес.
Торес кариерата ја почна во Атлетико Мадрид, од каде во 2007 година се пресели во Ливерпул, играше и за Челси, мал дел од кариерата помина во Милан, а потоа се врати во Атлетико Мадрид. Последен негов клуб е јапонскиот Саган Тосу.
За шпанската репрезентација одигра 110 натпревари и постигна 38 голови.