Вчера ја
пренесовме сликата од тоа како стои нашата најдобра фудбалска репрезентација на
официјалната апликација за Фантази на УЕФА, а нашата селекција беше детално претставена и од популарниот сајт „Фантази Фудбал Скаут“.
Како што е
познато за многумина, овој сајт е доста популарен за неколкуте милиони
натпреварувачи ширум светот на Фантази Премиерлигата, а периодов за момент се
префрли на случувањата на претстојното Европско првенство.
Конечно
љубителите на Фантази во нашата земја имаат можност да почувствуваат како е да
се има македонски репрезентативци на оваа популарна игра, а од „Фантази Фудбал
Скаут“ детално ја претставија нашата селекција.
Македонија на „Фантази“: Трајковски најскап во изборот, Алиоски засега најселектиран (ФОТО)
Езгјан Алиоски е
наведен како еден од клучните во нашиот национален фудбалски состав, меѓу
другото популарниот Џани се здоби со доверба кај натпреварувачите на Фантази
Премиерлигата со одличните перформанси во можеби најсилното фудбалско првенство
ширум светот, па тој не е нешто непознато за нив.

Како фудбалер на
кого треба да се внимава исто така е наведен и Елиф Елмас, за кого на сајтот го
вметнаа исто во клучните фудбалери заедно со Алиоски, а тоа што е интересно,
нашиот интернационалец од составот на Наполи е спореден со Илкај Гундоган,
односно во стилот на игра со ѕвездата на Манчестер Сити.

Како алтернативно решение за натпреварувачите
истовремено е наведен и Енис Барди, а освен тоа што Алиоски како дефанзивец
често го гледаме на противничките половини во опасни ситуации, ист е случајот и
со Стефан Ристовски.