24фудбал

Македонија на „Фантази“: Трајковски најскап во изборот, Алиоски засега најселектиран (ФОТО)

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација конечно можеме и да ја имаме на „Фантази“, мега популарната платформа која нуди забава и голема возбуда кај натпреварувачите.

Македонија

Како што е редот за секое големо натпреварување, од УЕФА ја пуштија во употреба апликацијата за „Фантази“, а во изборот за претстојното Европско првенство секако се најдоа и нашите фудбалери.

Постои голема бројка натпреварувачи на оваа игра, особено кога станува збор за Премиерлигата, меѓутоа и повеќе од јасно е дека сега ќе има многу заинтересирани и за Европското првенство, каде учество ќе земе и нашата репрезентација.

Од тоа што можеме да го проследиме, Александар Трајковски има највисока цена со 7 милиони од нашата репрезентација, а по него следат Иван Тричковски, односно капитенот Горан Пандев со по 6.5.


Од засега селектираните, Езгјан Алиоски со 4% е најпримамлива опција кај натпреварувачите, а тоа секако има и една добра причина во позадина, барем за оние кои се во текот на „Фантази“ по однос на бодирањето, а тоа е фактот што Алиоски како дефанзивец со доста офанзивни задачи на теренот може да донесе поголем број бодови.