Англија има
водство од 2-0 на полувремето против Нигерија, во контролната средба која се
игра на Вембли во Лондон, а головите за Гордиот Албион ги постигнаа Кејхил и
Кејнт.
Тоа што остана
највпечатливо од првото полувреме е фактот што во секој момент кога Деле Али ќе
ја допреше топката, тој добиваше свирежи од навивачите на Нигерија.
Таткото на Деле Али, Кехинде потекнува од Нигерија, неговата мајка
Дениз е од Англија, тие обајцата се разделија во периодот кога фудбалерот на
Тотенхем имал само две години.
Деле Али минал
една година во Нигерија заедно со својот татко, а потоа се вратил на Островот,
инаку неговото име ‘Деле’ е кратка форма од Бамиделе.
Иако имал опција
да ја одбере Нигерија, сепак тој се реши да настапува за Англија, податок кој на фановите на африканската селекција воопшто не им се допаѓа.