Жозе Мурињо доста
нервозно реагираше на провокациите од трибинскиот простор на Олд Трафорд каде
сместени беа фановите на Јувентус, во синоќешниот меч од Лигата на шампионите,
кој Манчестер јунајтед го загуби.
Шефот на стручниот
штаб на Црвените ѓаволи беше мета на фановите на гостинскиот табор, а по
нивните навредливи пораки тој не можеше а да не реагира.
Фановите на
италијанската екипа скандираа „Мурињо е с*ање“, „Мурињо е ку*кин син“, а
одговорот на Португалецот кон нив беше директно упатен кон нив покажувајќи три
прста.
Неговиот одговор
потсетува на освоената „триплета“ до која Португалецот стигна предводејќи го
Интер во сезоната 2009/10, а дел од тој голем успех на Нероаѕурите беше и
нашиот Горан Пандев.