Фановите на Арсенал добија мала битка со Венгер: Ќе го земам нивното мислење при одлуката за иднината

by
2 минути читање

Францизонот е под
договор до 30. јуни, но по новата лоша сезона и се поголемиот притисок, големи
се шансите тој летоска да го напушти Арсенал.

Фановите се се
погласни во барањето Арсен Венгер да замине, често има протести и тие сега
издвојуваа мала битка.

Арсен Венгер
попладнево истакна дека при носњето на одлуката за иднината во предвид ќе го
земе и мислењето на фановите.

„Секако дека ќе
го земам во предвид и мислењето на фановите
– рече менаџерот на Арсенал на денешната прес конференција. „Тоа
нема да биде најважен фактор, но да ќе мора да ги разгледам и нивните барања
.


Пред дуелот со
Баерн Минхен во Лигата на Шампионите беше одржан протест пред Емирати, а исто
така има најави и за протест пред дуелот со Линколн.

„Напорно работам
20 години за да ги направам среќни фановите на Арсенал, и кога губите
натпревари, разбирам дека тие не се среќни
.

Оваа недела се
појавија стории кои велеа дека Арсен Венгер на играчите веќе им соопштил дека
заминува, но Французинот додава дека се уште нема одлучено за иднината.

„Не сум донел
никаква одлука, мојот фокус е само на следниот натпревар
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани