Калчолигашот
Лацио се споменува како опција за Цеск Фабрегас, пренесува Кориере дело Спорт, а наведениот медиум додава дека тимот од Рим во искусниот Шпанец гледа
идеална замена за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, за кого има интерес од повеќе
гиганти во Европа.
Фабрегас се
приклучи на Челси во летото 2014. година, таму дојде од Барселона за 30 милиони
евра, одигра значајна улога во освојувањето на двете титули на тимот од Лондон
во Премиерлигата, а се чини дека неговото значење во екипата се
намалува.
Лацио би можел да
стигне до потписот на Шпанецот кој има договор со Челси до идното лето, па
доколку италијанскиот клуб се потруди во преговорите, тогаш би можел да го
ангажира 31 годишниот фудбалер од средниот ред.
Милинкови-Савиќ
би можел ова лето да си замине од Рим, а како негова идна дестинација се
споменува Реал Мадрид кој веројатно нема да се штеди во намерите да се ангажира
Србинот, а заинтересирани се и други гиганти од Европа.