Напаѓачот на
Ливерпул, Даниел Стариџ е обвинет дека ги прекршил правилата на ФА за
обложување. Фудбалерот тоа го сторил во јануари 2018.
Фудбалската
асоцијација на Англија има прилично строги правила, и сите кои се инволвирани
во првите осум лиги, од играчи па до тренери, персонал и судии им е забрането
да се обложуваат директно или индиректно на фудбалски натпревари.
Англичанецот
негира дека се обложил на фудбал, неговиот став експресно беше пренесен од
портпаролот на „Црвените“.
„Даниел дава
целосна соработка низ овој процес и не осигура дека ќе продолжи да го прави тоа.
Даниел исто така категорично ни соопшти дека никогаш не се кладел на фудбал. Како
и со секој друг проблем од ваква природа, ќе се воздржиме од дополнителни
коментари се додека не заврши процесот“ – вели портпаролот на Ливерпул.
ФА го обвини
Стариџ дека прекршил две правила, односно обложување на фудбал во кое влегува и
обложување за трансфер на некој играч, отказ или ангажман на тренер, избор на
стартен состав или картони (жолт и црвен), како и давање инсајдерски информации
поврзани со фудбалот кои не се достапни за јаноста.