Езен Азар: Повеќе не се чувствувам како фудбалер, сега сум таксист!

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден Азар ужива во мирно секојдневие и живот посветен на семејството по пензионирањето пред речиси три години.

Поранешниот играч на Реал Мадрид признава дека денес има сосема поинакви приоритети од тие во играчките денови. Белгиецот со насмевка објасни како изгледа неговата реалност по пензијата.

Мојот живот е прилично едноставен. Татко сум на пет деца, во моментов сум повеќе таксист отколку фудбалер, но тоа е во ред. Одлуката ја донесов поради семејството, децата, времето и храната. Животот минува навистина брзо, особено во фудбалот. Вчера имав 19 години, а денес имам 35. Треба да се ужива во животот, не само во фудбалот, туку во сè“, порача Азар.

Своевремено Азар беше еден од најталентираните играчи во својата генерација, едно време веројатно беше и најдобар зад Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Сепак, по трансферот од Челси во Реал Мадрид кариерата му тргна во надолна линија и на крајот се пензионираше многу рано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×