Пол Погба ќе си
замине од Манчестер јунајтед по критиките кои стигнаа на негова адреса од
фановите на тој клуб, верува Патрис Евра, негов сонародник и поранешен член на
Црвените ѓаволи во изјавата за Скај Спортс.
Манчестер
јунајтед со пораз од испаднатиот Кардиф, и тоа пред своја публика со 0-2 ја
заврши сезоната во Премиерлигата, а токму Погба беше фудбалерот кон кого се
чини најмногу се нафрлија навивачите на тој клуб, тие не се штедеја на
коментарите, па еден од нив го нарече Французинот сра*е.
class="twitter-tweet" data-lang="en">Paul Pogba receives abuse from a
fan. We don’t deserve him. #mufc
pic.twitter.com/tW5lkyN62b—
ManUnitedZone (@ManUnitedZone_) May
12, 2019
„Не е дека сум во
одбрана на Пол, меѓутоа кога постојат инциденти како тој со навивачот, тие
едноставно го убиваат него“ смета Евра.
„Само бидејќи тој
е Пол Погба, тој има посебни фризури, танцува, неговите објави на социјалните
мрежи, се’ околу него, луѓето
го критикуваат постојано, а забораваат за каков фудбалер станува збор, само тој
и Де Хеа можат да играат за голем клуб во Европа“ додава Евра.
„Мислам дека ќе си
замине, бидејќи треба да ја чувствувате љубовта кога играте некаде, треба да
имате посветеност, доколку Пол одлучи да остане уште една година, а потоа да си
замине, или да остане уште неколку години, можеби навивачите ќе го засакаат
бидејќи тој ќе биде посветен, навивачите на јунајтед тоа го посакуваат, кога
велите дека сте посветен“ заклучи Французинот.