77
Адис Јаховиќ и Самуел
Ето, тоа ќе биде тандемот во нападот на турскиот суперлигаш Коњаспор откако
клубот ги договори одличните офанзивци.
На Коњаспор ќе и
преостанува грчевита битка до крајот на сезоната за опстанок во елитното
друштво на Турција, а Ето токму затоа му порача на Јаховиќ кој игра во животна
форма, дека ќе бидат потребни неговите голови за тимот, во што тој ќе му
помогне.
„Ќе треба да даваш многу
голови сега, но, не грижи се, јас ќе ти помогнам во тоа“ му порача Ето на
Македонецот кој со 14 погодоци е трет на листата на стрелците во турскиот
шампионат веднаш зад Јилмаз (17) и Гомис (15).