„ЕСПН“: Челси ќе му понуди тригодишен договор на Лампард

by
1 минути читање

Челси оваа
седмица ќе тргне по потписот на легендата на тој клуб, Френк Лампард кој во
моментов ја обавува функцијата тренер на Дерби, а според информациите кои ги
објави „ЕСПН“, базирајќи се на извори од клубот, се вели дека клубот од Лондон
ќе му понуди тригодишен договор на својот поранешен фудбалер.

Заминувањето на
Сари од Лондон и преселбата во Торино на клупата на Јувентус беше потврдена во
текот на вчерашниот ден од обата клуба, директорот на Премиерлигашот, Марина Грановскаја
посочи дека Италијанецот побарал да му биде дозволено да се врати во Италија за
да биде поблиску до своето семејство и пријателите.

Токму Лампард
беше идентификуван како преферирана опција за негов наследник, а „ЕСПН“ додава
дека поранешниот тренер во младинскиот погон на Челси, Жоди Морис и фитнес
тренерот Крис Џоунс исто така се очекува да му се приклучат на враќањето на „Стемфорд
Бриџ“.

Сепак, на
Островот повеќе медиуми објавија дека Дерби ќе му
пркоси на големиот Челси во својата желба, па така од тој клуб веќе почнале
преговори за нов договор за Лампард со тоа што ја истакнале желбата за
продолжување на соработката со него по пласманот во финалето од плејоф рундата
во Чемпионшип дивизијата на Англија.

Доколку падне
некаков договор, Челси ќе мора да исплати компензација на Дерби во 4 милиони
фунти за да го обештети Дерби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани