Бекот на италијанскиот прволигаш Милан, Тео Ернандез ги демантираше сите шпекулации низ одредени медиуми во однос на тоа дека наводно не бил среќен во редовите на „Росонерите“.
22 годишниот Французин беше запрашан на социјалните мрежи дали е подобро да се игра во клуб за пари, или во однос на тоа како се чувствува, а Ернандез имаше доста конкретен одговор.
„Оние кои не играат со задоволство во дресот на Милан, не го разбираат фудбалот“ одговори тој.
Ернандез има договор со Милан со важност до 2024. година, досега забележа 21 настап во сите конкуренции за составот од Милано, постигнувајќи шест погодоци, а запиша и две асистенции зад своето име.
Што се однесува пак до Милан, „Росонерите“ не играат во својата посакувана форма, сезонава бележат очајни резултати, па така со досега освоени 32 бода моментално се на средина од табелата во „Серија А“ по 23 одиграни кола.