Барселона доживеа вистински дебакл на гостувањето кај ПСЖ, пораз од неверојатни 4-0 со кој е пред елиминација од Лигата на шампионите.
„ПСЖ беше супериорен, имаа повеќе шанси, напаѓаа подобро и резултатот е реален на случувањата на теренот. Сега се надеваме дека во Барселона ќе имаме сличен резултат на 4-0, или дури и подобар. Ќе биде тешко, но ова е само прво полувреме“ – вели Луис Енрике.
„Што се случи? Не знам, тешко е да се објасни. ПСЖ беше надмоќен од самиот старт. Не изненади со притисокот од самиот почеток, создаваше опасности. Беа подобри со и без топката. Едноставно беа подобри“.
„Ова не е најдобар момент но ние сме тим кој оваа сезона покажа дека може да направи добри резултати, ова е само половина од дуелот“.