Емери за ситуацијата со Ремси: Сакам неговите перформанси да бидат како на останатите фудбалери

by
2 минути читање

Извесно е дека
Арон Ремси ќе го напушти Арсенал по крајот на сезоната, можно е тоа да се случи
во зимскиот јануарски преоден рок, откако преговорите помеѓу обете страни не се
во посакуваниот правец.

Шефот на
стручниот штаб на Премиерлигашот од Лондон, Унаи Емери прифаќа тоа што одредени
медиуми го вперија прстот кон клубот поради неуспехот во преговорите за нов
договор на Ремси, актуелниот му истекува до крајот на сезоната.

Го почитувам
сечие мислење, нашата работа се базира на анализи од многу луѓе, меѓу кои и
медиумите, како и екс фудбалери на клубот, така е во фудбалскиот свет, јас ја имам
оваа навика и кога мојата работа носи резултати, но, и кога луѓето мислат дека
не оди во позитивна насока
“ вели Емери.

Арсенал вечерва
на домашен терен ќе го пречека Лестер, а претходно, Ремси против Фулам влезе од
клупата за резерви, постигна
гол за 1-3, а притоа реализираше и асистенција во
голот со кој во 90. минута се постави конечниот исход од 1-5.

Сакам неговите
перформанси да бидат исто како и кај другите фудбалери, како за пример, во
претходниот натпревар тој стартуваше од клупа, потоа одигра 25 минути и имаше одлични перформанси, денес ќе
биде исто, дали ќе почне од клупата, или ќе стартува од првата минута, да се
фокусира и да ни помогне, тој не е поинаков во однос на другите фудбалери

додаде Емери.

Арсенал е во
неверојатна форма со девет победи во низа во сите конкуренции, а Емери бара од
Ремси фокусираност и покрај ситуацијата во која се наоѓа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани