Скај Спортс веќе
објави дека Арсенал лично му соопштил на Арон Ремси дека нема да го продолжат
договорот со него, актуелниот важечки за Валшанецот истекува идното лето, а тој
по цели десет години минати во дресот на Топчиите, извесно е дека ќе си замине.
И покрај таквиот
период низ кој минува, Ремси игра одлично во новата сезона, Велшанецот иако по
неколку месеци преговори, од клубот наводно ја повлекле понудата за
долгогодишен договор, а пофалби за неговата посветеност и во таков период доби
од шефот на стручниот штаб на Топчиите, Унаи Емери.
„Веќе зборував со
Арон за најважното нешто кај него според мене, неговото чувство за фудбал,
квалитет, самодоверба, фокусираноста од негова страна за време на тренинзите,
на натпреварите…“ издвои Шпанецот.
„Тој одигра 20
минути против Кристал Палас, играше со чувство за фудбал, беше целосно
фокусиран на теренот, неговите перформанси се одлични“ додаде Емери.
Дејли Експрес
наведува дека Арсенал веќе има три опции кои сериозно ги разгледува како замена
за Ремси, тоа се Николо Бареља од Каљари, Мигел Алмирон од Атланта Јунајтед и
Ектор Ерера од Порто.