Елиот го заплени Милан, толку од авантурата на Ли!

by
1 минути читање

Кинеската ера на
„Росонерите“ заврши неславно по 450 дена. Откако Јонгхонг Ли не успеа да ги врати парите кои ги позајми од Елиот, фондот почна да ги активира гаранциите и да го запленува имотот на
бизнисменот од Далечниот Исток. Прва на списокот
е холдинг компанијата во Луксембург преку која Јонгхонг Ли го купи Милан.

„Сопственоста и
контролата на холдинг компанијата која поседува мнозински пакет во Милан е
пренесена на име на фондови кои се менаџирани од страна на Елиот. Овој трансфер
се случи откако беа активирани одредени гаранции бидејќи претходниот сопственик
го прекрши договорот со Елиот и не ги исполни обврските“
– гласеше известувањето.

„Сега откако ја
превзеде контролата, визијата на Елиот е јасна: да се креира финансиска
стабилност и да се постави солиден менаџмент, да се постигне долгорочен успех и
да се осигура дека клубот има капитал, и да се воспостави одржлив бизнис модел кој
е во согласност со правилата на УЕФА за Финансиски фер плеј“.

Прв потег на Елиот
е вложување на 50 милиони евра во Милан за докапитализација, пари со кои ќе се
стабилизираат финансиите на клубот. Фондот исто така планира да вложи нова сума на пари
во иднина.

Се очекува
наскоро да бидат тргнати и четворицата Кинези од бордот на директори, додека
пак првиот човек, Марко Фасоне најверојатно ќе остане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани