Екс-фудбалерот на Јувентус и Ливерпул поминал низ драма – крадци го нападнале на паркинг!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Барселона и Ливерпул, а сегашен соиграч на Бојан Миовски во Жирона, Артур Мело бил ограбен во четвртокот во Барселона.

Според информациите на шпанските медиуми 28-годишиот Мело по тренингот со Жирон излегол во во градот, а инцидентот е случил околу 16 часот додека купувал паркинг карта.

Во тие моменти две непознати лица од зад грб му одземале неколку негови работи. Еден од крадците заминал со часовникот на Артур, додека другиот чекал во близина со моторцикл.

Артур во инцидентот поминал без повреда, но веднаш го пријавил случајот во полиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани